Објавени писма на убиената српска дипломатка: Ве молам вратете ме!

Службеничката во српската амбасада во Либија, Слаџана Станковиќ три години пишувала писма до Министерството за надворешни работи на Србија, во кои буквално моли да биде вратена во својата земја.

Имено, Станковиќ беше киднапирана во Либија, а потоа и убиена во воздушните напади на американските воени авиони.

Српски Блиц ги добил нејзините молби од колегите на Слаџана во Либија и најави дека ќе ги објави јавно денеска и утре.

Ве молам, имам деца… Ве молам затоа што сум жена во Триполи… Ве молам, чесно работев десет години… Ве молам, најдете ми замена!, пишувала и молела Слаџана Станковиќ, но залудно.

pisma