понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 43

И Австријците сакаат референдум за останување во ЕУ

Истражувањето на јавното мислење на австрискиот неделник „Профил“, покажува дека во моментот 52 отсто од Австријците се за одржување референдум за тоа дали да остане земјата во ЕУ, по примерот на Велика Британија.

И Австријците сакаат референдум за останување во ЕУ

И Австријците сакаат референдум за останување во ЕУ

Последни вести

Се поголем број Австријци поддржуваат одржување референум за прашањето дали да се остане во ЕУ.

Истражувањето на јавното мислење на австрискиот неделник „Профил“, покажува дека во моментот 52 отсто од Австријците се за одржување референдум за тоа дали да остане земјата во ЕУ, по примерот на Велика Британија.

Од тој број, 30 отсто сметаат дека „задолжително“ треба да се одржи референдум, а 22 отсто имаат мислење дека „би требало“ да се одржи.

На другата страна, 25 отсто од Австријците се противат за референдумот, а 18 проценти сметаат дека би можело без изјаснувње на граѓаните за членството во ЕУ.

Иницијативата за излегување од Унијата со одржување на референдум, од јуни минатата година ја потпишале 261.065 граѓани, што е 4,12 отсто од населението.

Најчитани вести