Мигрантите ја урнаа оградата на јужната граница (ВИДЕО)

Мигрантите ја урнаа оградата на јужната граница
Мигрантите ја урнаа оградата на јужната граница

Голема група мигранти на грчко-македонската граница, денеска околу пладне, ја урнаа оградата, а македонската полиција возврати со солзавец и шок бомби. Мигрантите извикувале „Отворете ја границата“ и фрлале камења кон полицијата.

Според полициски извори, околу 500 мигранти се пробиле низ редовите на грчката полиција за да дојдат до оградата на границата.

Во моментов ситуацијата на македонско – грчката граница е мирна.

Над 6.000 бегалци се „заглавени“ на Грчко-Македонската граница, и чекаат  македонските власти да ги пуштат за да го продолжат својот пат кон западна Европа.

Македонската полиција синоќа помеѓу 23 часот и три часот изутрина пуштија околу 300 Сиријци и Ирачани, по што преминот е затворен.

Како што беше претходно соопштено, Македонија ќе пропушта онолку бегалци колку што ќе пропушти  Србија.