Инвестиција на „STS Textiles“ во Демир Хисар, нови 1000 вработувања

Инвестиција на „STS Textiles“ во Демир Хисар, нови 1000 вработувања (ФОТО МИА)
Инвестиција на „STS Textiles“ во Демир Хисар, нови 1000 вработувања (ФОТО МИА)

Германската компанија од текстилната индустрија STS Textiles денеска најави браунфилд инвестиција во Демир Хисар. Првичната инвестиција, во капацитетите на поранешна „Застава“ ќе изнесува 4 милиони евра, со отворање 150 работни места. Плановите на компанијата според сопственикот Маркус Туч, се бројот на вработени долгорочно да достигне 1000.

– Ние сме високо технолошка компанија од текстилната индустрија. Македонија е второто место каде ќе имаме производство. Посетивме неколку држави Холандија, Бугарија, Романија и Македонија, но по напорите што ги вложи македонскиот тим одлучивме да инвестираме тука, изјави Туч.

пешевскиТој најави регистрација на новата компанија во Македонија во текот на следната недела и почеток на активности за неколку месеци.

– Ќе почнеме со вработување на 150 лица, а во текот на наредните години ќе се вработат над илјада лица. Сакаме да  им понудиме на жителите во Демир Хисар и околината да се пријават за вработување, посочи Туч.груевски

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски посочи дека STS TEXTILES е високо технолошка  компанија која лани од германскиот магазин Менаџер е прогласена за најиновативна компанија во оваа дејност во Германија.

Покрај директните, како што рече Пешевски, се очекуваат и индиректни вработувања во домашни фирми, а бенефит од инвестицијата на STS TEXTILES ќе бидат и новите технологии што ќе ги воведат како и развојот на демирхисарскиот регион и намалување на невработеноста.

На објавувањето на инвестицијата присуствуваа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, министерот за странски инвестиции Џери Наумов, заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции Климент Шекеровски и градоначалникот на Демир Хисар, Љупчо Блажевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.