вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 61

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се круниса во крал на лагите и манипулациите

vmro-dpmne

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев наведува дека тој се крунисал во крал на лагите, контрадикциите и манипулациите.

– Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев се круниса во крал на лагите, контрадикциите и манипулациите, стои во соопштението. Заев, како што се наведува во соопштението, „тврди дека немало демократија, а самиот во сопствена изјава дадена пред камера, не знае точно дали заработил пет или шест милиони евра во времето додека ВМРО – ДПМНЕ е на власт“ и за него милион евра е незначителна разлика.

Заев тврди дека се залага за враќање на средната класа, а според истражувањата на медиумите, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, бизнисите на неговите фирми остваруваат приходи од 12 милиони евра.

– Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев сега го напаѓа Уставниот суд, а токму неговата сопартијка и сограѓанка Цветанка Иванова во 2009 година тврдеше дека противуставно било да се крателе ингеренциите на претседателот предвидени во Законот за помилување. Јавноста памети дека благодарение на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, аболицираниот мултимилионер Зоран Заев тогаш не одговараше за криминал тежок 8 милиони евра, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Заев зборува за слободни медиуми и слобода на говор, а, како што стои, „предлага законски решенија со кои се воспоставува цензура, инсталација на Сорос и СДСМ со цел да може да се пресметува со оние кои не размислуваат како него“.

Лидерот на СДСМ, според ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека недостасувала инфраструктура во општина Илинден, а заборава на пустелијата која зад себе ја остава во Струмица.

– Во Струмица од најавените 300 фабрики и 3.000 работни места остана празната ливада во индустриската зона во Сачево. Од оваа општина Заеви си направиле приватна своина во која за секоја работа едно евро оди кај Вицето. Во Струмица Заев успеал да создаде еден механизам за исцицување на народните пари во џебовите на фамилијарните фирми по основ на тендери и јавни набавки. Овој систем на владеење во Струмица, граѓаните не сакаат да го видат во Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Казната за ваквата деструктивна политика на СДСМ, стои во соопштението, пристигнува и ќе го стаса по десети јубилеен пат по ред.

Најчитани вести