сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Симптоми кои можат да бидат рани показатели на рак

Истражувањата покажале дека луѓето може да бидат во опасност доколку ги игнорираат симптомите кои им се сомнителни, мислејќи дека го трошат времето на својот лекар на небитни работи.

kancer

Последни вести

Една студија во Англија покажала дека повеќе од половина Британци ги игнорираат првите симптоми на ракот. Тоа е многу значајна бројка, имајќи предвид дека станува збор за болест кај која времето игра голема улога, затоа што повеќето тумори коишто се откриени навреме, можат адекватно да се лекуваат, а неретко и целосно да се излекуваат. Затоа, памет во глава. Редовно одете кај лекар, и сè што ви се чини сомнително, веднаш проверете.

Истражувањата покажале дека луѓето може да бидат во опасност доколку ги игнорираат симптомите кои им се сомнителни, мислејќи дека го трошат времето на својот лекар на небитни работи.

Некои од раните показатели вклучуваат:

– Кашлица, засипнатост, израстоци, пролив (дијареа) или запек;
– Неочекуван губиток на тежина или рана која никако не зараснува;
– Повраќање кое вклучува крв, уринарно крвавење или крвавење помеѓу менстрауциии;
– Чувство дека не сте ги испразниле цревата по одење во тоалет;
– Бенки со неправилен облик или остри рабови, кои би требало да ги проверите кај лекар.

Совет од лекарите: Доколку се сомневате, проверете!
– Тоа нема да биде губење на времето на вашиот матичен лекар. Често вашите симптоми не се поврзаани со ракот, но доколку се, колку што е побрза дијагнозата, побрзо е излекувањето – рекол д-р Ричард Роп, од центарот за истражување на ракот во Англија.

Најраспространет карцином е ракот на панкреас, дојка, црева и на белите дробови, но во Англија преживувањето на рак заостанува од европскиот просек, а се верува дека доцнењето на дијагностиката е главна причина за тоа.

Најчитани вести