понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 18

Тениската репрезентација на Македонија ги доби ривалите

За Македонија во талин ќе играат Томислав Јотовски, Димитар Грабул и Горазд Србљак. Тројката тенисери заедно со селекторот Дејан Маринковиќ од вчера се наоѓаат во Естонија.

dc_mcaedonia_est-41489

Последни вести

Тениската дејвис куп репрезентација на Македонија ги доби ривалите во групата во рамките на натпреварите од Третата Европска зона што ќе се игра во Талин, Естонија. Македонија по ждерпката се наоѓа во групата Б и ќе игра против Република Ирска, Ерменија и Албанија.

Најголем конкурент за првото место во групата ни е Република Ирска, која е повратник во оваа зона. Ирска е ривалот кој го добивме од првиот шешир, додека од третиот е селекцијата на Ерменија, а од четвртиот Алабнија.
Р.Ирска се наоѓа на 64.место на ранг листата, Македонија е 84.место, Ерменија 117 и Алабнија 124.
За Македонија во талин ќе играат Томислав Јотовски, Димитар Грабул и Горазд Србљак. Тројката тенисери заедно со селекторот Дејан Маринковиќ од вчера се наоѓаат во Естонија.
Во составот на Република Ирска играат: Сем Бери (359 синг/ 263 двојки), Бјорн Томсон (1046 сингл), Петер Ботвел (1115 сингл), Дејвид О‘Харе (231 двојки).

Најчитани вести