Со стан од Адора до автомобил „мазда CX3“

Тринаесетиот по ред Саем за градежништво и недвижности „Реалекспо“ денеска беше отворен во просториите на Скопскиот Саем, а ќе трае до 5. март.

Оваа година на Саемот за градежништво учествуваат 90 компании, а во рамки на Саемот за недвижнини 20. Од странство присутни се компании од Германија, Турција и Србија.

saem

Покровител на Саемот за градежништво, втора година по ред е Министерството за финансии со проектите „Купи куќа, за млади“ и „Купи куќа, купи стан“, кои имаат за цел да им се помогне на граѓаните полесно да дојдат до сопствен дом, што се вклопува во концептот на Саемот за градежништво и за недвижнини.

На Саемот се понудени над 3.000 плацови и 3.000 станови кои можат да се вклопат во владините проекти „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“. Понудата е од вкупно 110 компании и плацеви од 14 општини меѓу кои и скопските Карпош, Петровец, Сопиште и Илинден.

Директорот на „Адора инженеринг“, Ванчо Чифлиганец потенцира дека компанијата и оваа година продолжува со своите инвестиции во областа на градежништвото за кои најави дека ќе бидат во вредност од 30 до 40 милиони евра.

adora8-Компанијата „Адора инженеринг“ Скопје по шести пат учествува на Саемот  за градежништво и недвижнини и секоја година носи новини. Изминатата година „Адора инженеринг“, како компанија во градежниот сектор Високоградба во станбени објекти има инвестирано од 40 до 50 милиони евра, а оваа година инвестира 30-40 милиони евра. Оваа година на Саемот настапуваме со скопскиот „Флет ајрон“, кој се наоѓа во централното градско подрачје, меѓу општина Центар и општина Кисела Вода и со една убава зграда во Карпош односно Тафталиџе, истакна Чифлиганец.

Покрај домовите кои се одликуваат со високи стандарди, „Адора инженеринг“ на своите клиенти со купувањето на стан во станбениот објект „Флет ајрон“ им овозможува екстра привилегија – учество во наградна игра во која победникот добива автомобил марка „мазда CX 3“.

Освен автомобил „Адора инженеринг“ за време на Саемот го наградува најсреќниот купувач на стан со бесплатно додипломско и постдипломско школување на Американскиот колеџ во Скопје.

adora

Чифлиганец потенцира дека компанијата оваа година може да се пофали и со повисоките стандарди кои ги остварувува во градежништвото.

adora6-Оваа година можеме да ги потенцираме повисоките стандарди што ги остваруваме во градежниот сектор Високоградба. Го добивме првиот енергетски пасош А класа, а можеме слободно да кажеме и дека Адора е пионер во секој поглед. Стандардите во домовите на „Адора инженеринг“ може да се носат со многу европски и светски домови, со што може да се гордее градежниот сектор во земјава, рече тој.

Чифлиганец додаде дека трендот на инвестирање на „Адора инженеринг“ продолжува и потенцира дека тоа значи бенефит за купувачите, продавачите, но и за македонската економија во целост.

adora3

adora4

adora5

adora7

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.