Македонија има право да си ја штити границата

Европската комисијата смета дека Република Македонија има право да си ја штити границата од нелегални преминувања. Во однос на вчерашните немили сцени каде нелегални емигранти од Афирка и Блискиот Исток насила се обидуваа да преминат на македонска територија од Грција, портпаролот на Еврокомисијата, Гркот Маргаритис Схинас ја испрати пораката во име на неформалната Влада на Европската унија, додавајќи дека „вчерашните слики од границата само потврдиле дека е потребно европско решение на бегалската криза“.

– Ние не влегуваме во тоа кој за кого работи и кој што бара од некого. Не влегуваме во тоа. Но тоа што го видовме вчера на границата е дека, да, ЕК е загрижена од вчерашните слики. Се разбира, до БЈР Македонија е да ја заштити границата, но сликите што ги видовме вчера се потврда дека единствено решение е колективно решение, европско решение. Секои мерки што се преземаат за контрола на границите нема да бидат во рамки на нашата амбиција да се менаџираат нашите граници. Сите мерки на границите што се превземаат мора да бидат според меѓународното и европското право, порача портпаролот Схинас.

Гласноговорникот на ЕК додаде и дека „Македонија е трета земја, што е дел од западно-балканската координациска мрежа“ и оти „е земја што превзема некои обврски по состанокот на шефовите на државите долж западно-балканската рута на 25 октомври 2015 година во Брисел состанокот“. Тој посочи и дека „ситуацијата е таква, каква е што е“, односно „каква што се бара од Европа да се реши кризата“.

Во однос на тоа дали Македонија ги добила десетте милиони евра помош од Брисел за справување со бегалската криза, портпаролот на ЕК со одговор дека од 25 октомври 2015 година, посебно по Самитот за балканска рута, имаме контакт со сите земји на балканскиот коридор, не само со БЈР Македонија.

– Ние инсистираме сите од овие земји да разговараат меѓу себе и со нас, што не е секогаш случај. Сега имаме систем што функционира добро за контакт на земја со змеја. Делиме загриженостите со сите од земјите. Тоа се случува, посочи Маргаритис Схинас.