Бегалците протестираат на јужната граница

Фото МКД.МК
Фото МКД.МК

По вчерашниот инцидент на македонско-грчката граница, кога околу 500 мигранти ја урнаа оградата и се обидоа насилно да влезат во Македонија, денеска повторно поголема група се собира во обид насилно да влезе во земјава.

На терен е видливо зголемено полициско приуство, како и нервоза кај мигрантите, чиј број постојано се зголемува.

Во моментот во Грција има околу 25.000 бегалци, а се проценува дека во Идомени околу 8.000 бегалци. Македонскиот премин е строго контролиран и се пропуштаат онолку бегалци колку што ќе пропушти Србија. Според информации од МВР претходните неколлку денови во Македонија влегле само неколку стотина бегалци.

Грчките власти тврдат и дека кон граничната зона со Македонија пеш или со организиран превоз тргнале нови 500 бегалци.

 

Во Прифатниот центар во Табановце, пак, има над 900 лица, кои се спречени да го продолжат својот пат кон западна Европа. Во 17 часот вчера таму пристигнале 414 бегалци. Неколку часа подоцна 157 бегалци биле вратени од српските гранични власти, па сега тие привремено се сместени во кампот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.