Ахмети повикан како сведок во Специјалното обвинителство

Ахмети повикан како сведок во Специјалното обвинителство
Ахмети повикан како сведок во Специјалното обвинителство

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на 3 март е повикан на сослушување во Специјалното обвинителство во својство на сведок во предистражна постапка за случајот „Космос“.

Шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби на својот ФБ профил  ја потврди оваа информација:

„Претседателот Али Ахмети и Демократската Унија за Интеграција се силни поддржувачи на законската, транспарентна и непристрасна работа без етнички, верски, партиски или политички предрасуди на Специјалното Обвинителстсво. Минатата недела, Претседателот Ахмети прими покана во својство на сведок за случајот Космос од страна на Специјалното Обвинителствои секaко дека ќе ја испoлни својата граѓанска должност во поддршка кон независните институции“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.