петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 44

Коѕиас: Австрија игра валкано, им помага на оние кои не ја сакаат Меркел

Запрашан дали Грција би можела да го примени правото на вето на следната средба на врвот ЕУ-Турција на 7 март, тој рече дека според него „секој треба да ги искористи сите инструменти со кои располага“, бидејќи „ветото честопати помага“ и „тоа не е крајот, туку само почетокот на едно договарање“.

Последни вести

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас го оцени бегалскиот прилив како совладлив, истакнувајќи дека Грција може да издржи до 150.000 бегалци, но ја повтори неопходноста од европско решение на проблемот.

Toj упати остри напади против Австрија, прекорувајќи ја дека игра „валкана игра“, во полза на „оние, кои сакаат да ја урнат Ангела Меркел или нејзината политика“.

За телевизијата „Скај“, Коѕиас рече дека според неговата политичка проценка, „Австрија се потпира и на други сили, кои сега се спротивставуваат на Владата на Меркел во Германија“.

Запрашан дали Грција би можела да го примени правото на вето на следната средба на врвот ЕУ-Турција на 7 март, тој рече дека според него „секој треба да ги искористи сите инструменти со кои располага“, бидејќи „ветото честопати помага“ и „тоа не е крајот, туку само почетокот на едно договарање“.

Најчитани вести