Денеска ново судење за „Пуч“, Јанева најави одложување

Во Кривичниот суд претпладнево пристигнаа лидерот на СДСМ Зоран Заев кој е четвртообвинет во случајот Пуч, обвинетата брачна двојка Верушевски, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Медиумите вчера шпекулираа дека од Специјалното јавно обвинителство ќе побарале одложување на судењето. Иако Судот и овозможи увид во документите, сега Јанева упорно ги бара сите иако се класифицирани.

Судијата од Кривичниот суд, надлежен за предметот „Пуч“ го одбил барањето на специјалното обвинителство за доставување докази и копии од списи и електронски докази.

Бидејќи со тоа судот би направил директна повреда на обврската за чување класифицирани информации со оглед на фактот дека од надлежниот орган не е укината таквата обврска.

Судот утврдил дека постојат законски пречки за доставување на копии од наведените списи и електронски докази бидејќи во случајов се работи за докази класифицирани најнапред како државна тајна, а потоа со декласификација се набележани со напомената службена тајна.

Освен Заев, во случајот „Пуч“ обвинети се контраразузнавачот Зоран Верушевски и неговата сопруга Соња Верушевска, порaнешен вработен во тајната полиција Ѓорѓи Лазаревски, Звонко Костовски – вработен во МВР, како и Бранко Палифров вработен во општина Струмица.