сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 8

Клубовите на таен состанок – ќе се „уништи“ Лигата на шампиони!

Претставниците на петте најдобри англиски клубови синоќа одржале таен состанок со американскиот милијардер Стефан Рос, а целта е формирање на ново натпреварување кое може да ја „докрајчи“ Лигата на шампиони.

лигасампиони

Последни вести

Шефовите на Манчестер Јунајтед (Ед Водвард), Челзи (Брус Бак), Арсенал (Иван Газидис), Манчестер Сити (Феран Сориано) и Ливерпул (Јан Аир) одржале состанок со Рос во лондонскиот хотел „Дорчестер“. Како што тврдат медиумите планот на американскот тајкун е да се создаде елитно натпреварување, кое ќе биде закана дури и за Лигата на шампиони.

Рос е организатор на „International Champions Cup“ турнир кој веќе неколку години се одржува и на кого учествуваат најголемите европски клубови. Сега има план да направи ново такво елитно натпреварување од затворен тип во кое ќе бидат најголемите европски клубови вклучително и споменатата петорка од Англија.

Тоа натпреварување ќе биде еквивалент на сегашната Лига на шампиони, но клубовите ќе заработуваат многу повеќе и нема да стравуваат дали ќе обезбедат пласман како што е случајот со Ливерпул, Јунајтед, Челзи, Милан и Интер кој не се знае дали следната година ќе се пласираат во ЛШ.

Тајкунот сака новото натпреварување да го започне што е можно побрзо, а англиската петорка наводно е веќе спремна да ја напушти Лигата на шампиони и да се приклучи на новото натпреварување.

Најчитани вести