„Курир“: Ременски го става под тепих скандалот, давајќи наредби да не се одговара на новинари

Техничката министерка за труд и социјална политика направи тежок гаф: наместо одговори за несреќниот случај во кој беше повредена штитеничка од Јавната установата за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение “25 мај “, таа до редакцијата на Курир очигледно по грешка ја испратила наредбата која била наменета за нејзиниот кабинет за недавање одговори до јавноста.

Изминатиов викенд, односно во саботата на 27.2.2016 во Јавната установата за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение “25 мај”, штитеничка на возраст од 14 години падна од еден од спратовите на објектот при што се здобила со тешки телесни повреди и била сместена во Ургентниот центар-Скопје.

Курир ги објави и прашањата околу случајот кои биле испратени до техничката министерка Фросина Ташевска Ременски за кои сеуште не добиле одговори:

1. Колку лица работат во установата 25 мај во делот на згрижување на децата?

2. Каква е организацијата на работното време?

3. Какви мерки на безбедност се превземаат за заштита на децата?

4. Дали е формирана Комисија за испитување на случајот за падот на штитеничката?

5. Ако е формирана, што заклучи истата?

6. Има ли одговорност кај дежурниот воспитувач?

7. Зошто министерството и установата молчат за случајот?

8.Дали на тој начин ја заштитувате в.д директорката на установата?

9.Што превзеде в.д директорката за расчистување на истиот?

Техничката министерка Ременски наместо одговори на прашањата на Курир, од неразбирливи причини, до редакцијата на порталот пратила мејл со насоки до нејзиниот кабинет, кој очигледно по грешка го испратила на емаил адресата на порталот.

remenski prasanja

Ова е невиден скандал и тежок гаф бидејќи  должност на министерот е да служи на граѓаните и да дава одговори на јавноста. Од мејлот кој по грешка ни беше препратен очигледно е дека таа не сака да одговори.

Ременски со ова ја продолжи праксата да не одговора на прашања кои не и се допаѓаат, а кои ја засегаат нејзината одговорност  како технички министер за труд и социјална политика.

Овој неодговорен и недоличен однос на еден министер покажува дека таа воопшто не сакала да се информира за здравствената состојба на детето и со премолчувањето и давањето директиви го штити директорот на јавната установа.

Техничката министерка од редовите на СДСМ воопшто не е транспарентна во своето работење и на неколку пати избегнува одговори на конкретни прашања од медиумите и јавноста.

Ваквиот гаф на Фросина Ременски е само уште една потврда за неспособноста да се справи со проблемите и предизвиците кои ескалираа со нејзиното работење и потврда за хаосот кој владее во ресорот труд и социјална политика, пишува Курир.