вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

„Гардијан“: Грција во мај ќе се соочи со исклучување од Шенген

Брисел сака построга контрола на надворешните граници на ЕУ и ќе го повтори предупредувањето дека Грција би можела да биде исфрлена од Шенген

grcija

Последни вести

Европската комисија подготвува извештај во кој ќе ја предупреди Грција дека би можела да биде исклучена од Шенген, ако не успее до мај да го подобри управувањето со своите граници, пишува „Гардијан“, пренесува МИА.

Извештајот е изготвен пред итниот самит на ЕУ и Турција на 7 март, кога ЕУ ќе ја повика Анкара да стори повеќе за да се запре приливот на бегалци, што е нејзин дел од договорот вреден три милијарди евра склучен минатата година, информира весникот.

„Грција е под зголемен притисок да го предаде управувањето со своите граници на ЕУ, додека се обидува да се справи со бројките. Според најновиот план, органите на ЕУ ќе извршат инспекција на границите на Грција во средината на април за да се утврди дали контролите се соодветни, а конечната одлука за местото на Грција во Шенген треба да се донесе во мај“, пишува весникот.

Според извештајот, комисијата сака земјите-членки да ги укинат граничните контроли „што е можно побрзо“, и со „јасен краен датум до ноември 2016 година“.

Овие контроли го доведуваат во прашање „функционирањето на Шенген зоната за слободно движење“, се вели во нацрт-извештајот кој ќе биде објавен во петокот.

„Сега е време земјите-членки да работат заедно за заеднички интерес со цел заштита на едно од најголемите достигнувања на Унијата“, заклучува весникот но додава и дека Брисел, исто така, сака построга контрола на надворешните граници на ЕУ и ќе го повтори предупредувањето дека Грција би можела да биде исфрлена од Шенген, ако не успее до мај да го подобри управувањето со границите.

Најчитани вести