петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

МВР молчи за вработувањето на Адеми, човекот кој најавуваше крв по улиците

Адеми пред повеќе од една година преку социјалните мрежи повикуваше на пролевање на крв

mvr

Последни вести

Молк во МВР по објавата во медиумите за вработување на членот на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ Едмонд Адеми во Министерството за внатрешни работи со кое раководи генералниот секретар на опозициската партија Оливер Спасовски. Од МВР нема одговор на прашањата кои вчера ги доставивме до нив, а поврзани со објавените информации за вработувањето на Адеми.

Од МВР нема одговор како е ангажиран Адеми, на неопределено време или по договор и колку државата ќе ја чини неговиот ангажман. Од Министерството не одговараат ниту какви квалификации и колкаво искуство во безбедносните служби има Адеми, како и дали поседува безбедносен сертификат, пишува Курир.

Имено, Адеми пред повеќе од една година преку социјалните мрежи повикуваше на пролевање на крв.

-Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува!, напиша Адеми на социјалната мрежа во јануари минатата година.

Токму поради ова, во јавноста се поставува прашањето дали Емонд Адеми е вработен во МВР за да спроведува крваво сценарио, согласно неговите јавно искажани ставови дека без да се пролеела крв по улиците, слободата не се стекнувала.

edmond-ademi-fb

Адеми е само последен од низата сдсмовски кадри со кои Спасовски врши брутална патизација на полицијата. Очигледно Спасовски продолжува со бруталната партизација на Министерството за внатрешни работи ангажирајќи партиски кадри без искуство во полицијата.

Вработените во МВР биле шокирани кога го виделе мислејќи дека после првичната опсада и преплавување на министерството со партиски кадри без никакво искуство во полицијата, операцијата на Спасовски завршила.

Веднаш по доаѓањето на позицијата технички министер Спасовски ја ангажираше Магдалена Несторовска, претседател на советничката група на СДСМ во општина Карпош.

spasovski-magdalena

magdalena-nestorovska

Последен во низата истакнати партиски кадри кои ги вдоми Оливер Спасовски е Горан Трајановски. Овој член на СДСМ кој преходно беше Претседател на партиската комисија за информатичко општество сега е назначен за Државен советник за телекомуникации и информатика.

Владимир Пивоваров кој исто така влезе во кабинетот на Спасовски беше дел од комисијата за Безбедност на СДСМ.

partizacija-spasovski_

Лазе Велковски кој од Спасовски е назначен за државен советник за полициски и криминалистички работи стана познат во јавноста како обезбедување на Радмила Шеќеринска, иако беше вработен во Агенцијата за разузнавање од каде што беше преземен во МВР.

Технички назначениот министер за внатрешни работи одлучил да и ја честита новата година на неговата колешка Фросина Ременски. Без никаков интерен оглас одлучил, спротивно на Законот за внатрешни работи да го унапреди нејзиниот сопруг за цели четири позиции. Јовче Рменски од самостоен инспектор во ПС Гази Баба со 720 бода е распореден на позиција генерален советник –  инспектор во Кабинет на УБК со 1050 бода, што е незаконски скок од 4 нивоа, односно рушење на целиот систем за кариера во МВР. При тоа Ременски ниту врши исти, ниту сродни работи како што предвидува Законот.

Најчитани вести