Товарен брод со оружје задржан на грчкиот остров Крит

Товарен брод со оружје бил задржан на островот Крит.

Бродот пловел под знамето на Того, а тргнал од Турција.

На бродот се пронајдени шест контејнери со илјадници парчиња огнено оружје, муниција и експлозивни направи.

Грчките власти истражуваат дали оружјето е законски превезувано. Единаесетчлениот екипаж на бродот вклучува и Сиријци.

Првата станица на бродот била Либан, а потоа требал да стигне до североисточна Африка.