„Купи ќука за млади“ со преку 500 градежни парцели во Гевгелија

Општина Гевгелија ќе се уклучи во проектот „Купи ќука за млади“ со преку 500 градежни парцели што ќе им бидат понудени на заинтересираните млади апликанти кои на првата промоција на проектот во Гевгелија беа запознаени со условите на добивање станбен кредит за купување, изградба, надградба и доградба на куќи.

Големата заинтересираност на младите не натера да излеземе во пресрет на барањата, бидејќи како општина на располагање имаме голем број градежни парцели за станбени објекти кои континуирано ги нудиме на продажба, рече денеска градоначалникот Иван Франгов кој нагласи дека општината е подготвена за имплементација на проектот со тоа што нуди точно 547 парцели кои ќе се продаваат по почетна цена од едно евро за квадрат.

Парцелите се наоѓаат на три локации во Гевгелија од кои 74 се наоѓаат во поранешна „Касарна“, а по 258 парцели се наоѓаат во двете атрактивни локации „Караорман“ и „Мрзенски рид“ каде пред неполн месец беа продадени сите понудени парцели за изградба на резиденцијални објекти.