6.961 слободни работни места во четвртиот квартал од 2015

Вкупно 6.961 слободни работни места во четвртиот квартал од минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот во  Рударство и вадење на камен од 2,5 отсто, додека најмала е стапката во секторот  Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0,16 проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,89 отсто.

Највисока стапка на слободни работни места од 2,46 отсто има во пелагонискиот регион. Најголем број слободни работни места, односно 1.737, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.