Иванов: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Иванов: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови
Иванов: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој е во посета на Република Македонија.

На средбата било дискутирано за напорите за постигнување на заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза.

Претседателот Иванов го информирал Туск за најновите состојби, како и за мерките и активностите што ги превзема Република Македонија во справување со бегалската криза.

Во таа насока, Иванов го реафирмирал ставот дека Република Македонија се залага за сеопшто европско решение, што ќе опфаќа заеднички критериуми за справување со мигрантската криза.

ivanov-tusk1

-Бараме и очекуваме решение од Европскиот совет и немаме никаков интерес целиот товар да падне само на Грција, но нема да дозволиме да се реализираат еднострани решенија што ќе бидат на наша штета. Воедно, Република Македонија ќе соработува со јужениот сосед за надминување на предизвиците од мигрантската криза, истакна претседателот Иванов.

На средбата со Туск, Иванов предупредил дека се зголемуваат обидите за насилно влегување во Македонија, употребата на фалсификувани пасоши и документи на ФРОНТЕКС,  како и  насилството врз безбедносните сили на граничната линија, со што се доведува во прашање не само националната безбедност, туку и регионалната стабилност.

Тој бил дециден дека во случај на затворање на балканскиот мигрантски коридор, Република Македонија ќе ги преземе сите мерки и активности за хуман третман на мигрантите кои транзитираат, како и за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност.

ivanov-tusk2

-Република Македонија досега покажа дека е подготвена на сите сценарија и нема да дозволиме зголемување на безбедносните ризици од мигрантската криза, порача Иванов.

Претседателот Иванов уште еднаш потврди дека на територијата на Република Македонија нема да се дозволи изградба на бегалски кампови.

Во таа насока, соговорниците се согласиле дека е потребна итна координирана и синхронизирана акција на сите засегнати држави и усогласено сеевропско решение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.