сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Обама за една година ги продолжи санкциите против Русија

Американските санкции против Русија засегаат серија руски граѓани, вклучително и официјални лица, како и претставници на Владата на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович

obama-iftar-belakuka

Последни вести

Претседателот на САД, Барак Обама го продолжи важењето на санкциите против Русија за една година, поради „нејзините акивности и политика кон Украина“.

„Активностите и политиката, за кои станува збор во моите укази, продолжуваат да претставуваат невообичаена и исклучителна закана за националната безбедност и надворешна политика на САД“, се посочува во еден од документите. „Затоа јас за една година ги продолжувам санкциите, прогласени со указот 13.660“.

Самиот Указ беше објавен на 6 март 2014 година, потсетуваат американските медиуми.

Во одделно известување до Конгресот се посочува: „Активностите и политиката на лицата ги поткопуваат демократските процеси и институции во Украина, и се закануваат на нејзиниот мир, безбедност, стабилност, суверенитет и територијална целост, и исто така содејствуваат во разграбувањето на нејзните активи“.

„Активностите и политиката на Владата на Руската Федерација“, според Обама, „продолжуваат да претставуваат невообичаена и исклучителна закана за националната безбедност и надворешна политика на САД“.

Американските санкции против Русија засегаат серија руски граѓани, вклучително и официјални лица, како и претставници на Владата на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович. Освен тоа, санкциите опфаќаат и серија големи фирми во Русија, неколку компании и раководствата на самопрогласените „Доњецка Народна Република“ и „Луганска Народна Република“.

Најчитани вести