четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Бугари олесниле банкомати за 125.000 евра

Активностите на бугарските криминалци биле откриени додека полицијата вршела сослушувања во процесот против триесет и петгодишниот Тодор Ценов, обвинет дека од сметки на граѓани успеал да земе 187.000 долари.

bankomat

Последни вести

Криминална група сочинета од бугарски државјани била уапсена под обвинение дека успеала незаконски од банкомати да извади околу 125.000 евра.

Полицијата смета дека криминалната група, која е обвинета дека од банкомати успеала да извади околу 387.000 австралиски долари (125.000 евра), пристигнала во Австралија минатата година, за да произведува фалсификувани банкарски картички на кои биле вметнувани украдени податоци, јавуваат тамошните медиуми, пренесува Нетпрес.

Активностите на бугарските криминалци биле откриени додека полицијата вршела сослушувања во процесот против триесет и петгодишниот Тодор Ценов, обвинет дека од сметки на австралиски граѓани успеал да земе 187.000 австралиски долари.

Австралиските власти сличен процес водат против уште еден бугарски дравјанин. Триесет и едногодишниот Кирил Тодоров се соочува со седум обвиненија од сличен карактер. Во текот на истражните мерки, полицајците утврдиле дека уште едно лице, државјанин на Бугарија, успеал да олесни банкарски сметки на тамошни граѓани за околу 150.000 австралиски долари.

Најчитани вести