Презентација на стипендии за студии на руските универзитети

Руската амбасада во земјава во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе ги презентира стипендиите за македонските граѓани, кои ги доделува Владата на Руската Федерација за студии на универзитетите во Русија.

Како што е најавено, ќе бидат презентирани видот, критериумите и условите за стипендиите за додипломски, магистерски и докторски студии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.