Предадена е севкупната документација за „Пуч“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во денешното соопштение наведува дека ја има предадено севкупната документација со сите списи и докази за предметот познат во јавноста како „Пуч“ при преземањето на надлежноста од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите​.

– Разликата што се појавува во однос на доказите е во класифицираните материјали за кои не постои втор примерок, односно единствениот примерок од истите е предаден во Основниот суд Скопје 1 – Скопје при поднесување на обвинението. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ниту задржува, ниту поседува списи и докази за кој​ било предмет што не е во негова надлежност, се вели во соопштението.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потенцира дека со истите докази кои се веќе предадени на Специјалното јавно обвинителство, предходно го застапуваше обвинението во предметот пред судот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.