вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 53

ЕК даде зелено светло за изградбата на гасоводот преку Грција

ек

Последни вести

Европската комисија даде денеска зелено светло за изградба на грчкиот крак на Трансјадранскиот гасовод, кој е дел од Јужниот гасен коридор.

Со таа одлука се овозможи изградбата да заврши до 2020 година и со тоа за Европа да биде обезбеден гас од наоѓалиштето „Шах Дениз 2“ во Азербејџан.

ЕК нагласи дека тој проект не е спротивен на европското право и дека ќе обезбеди диверзификација на доставките при конкурентни цени.

Предвидено е трасата да минува преку Грција, Албанија и Италија, при што на тој начин се обезбедува гас за Југоисточна Европа.

Трансјадранскиот гасовод ќе минува под Јадранското море и ќе чини 5.6 милијарди евра.

Најчитани вести