Македонија остана на 138. место на ранг-листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација остана на 138. место на мартовското издание на ранг-листата на ФИФА. „Црвено-жолтите” немаат одиграно натпревари во периодот помеѓу последните две рангирања, па поголеми промени може да се очекуваа на следниот ранкинг, откако тимот на Игор Ангеловски ќе ги одигра пријателските натпревари со Словенија во Копер и со Бугарија во Скопје подоцна месецов.

Од репрезентациите во нашата квалификациска група за СП 2018, највисоко котира Шпанија, која остана на третото место. Италија се искачи едно скалило на 14. позиција, а понатаму следуваат: Албанија (35. место), Израел (67) и  Лихтенштајн (163).
Белгија и понатаму е лидер, пред Аргентина, Шпанија, Германија и Чиле. Во топ 10 се уште:  Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија. Генерално, немаше големи промени на листата месецов, бидејќи беа одиграни само 14 репрезентативни натпревари. Следната листа ќе биде објавена на 7 април.