Прекинот на огнот во Сирија се почитува

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Сирија, Стафан де Мистура изјави дека прекинот на огнот во Сирија се почитува.

– Се гледа напредок, иако состојбата е кревка, изјави тој.

Де Мистура потврди дека преговорите за решавање на сириската криза ќе бидат во Женева на 9 март, но наведе дека некои од учесниците може да пристигнат неколку дена подоцна.

Примирјето почна во саботата по иницијатива на САД и Русија. За пет дена оттогаш убиени се 24 цивили. Во февруари во просек имаше околу 38 жртви цивили.