вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 58

Рангелова: Катица Јанева повторно фатена како дава лажен исказ

Јанева е дебело платена со неколку илјади евра месечно, пари на граѓаните, за работата која треба да ја врши согласно законот. Затоа Катица Јанева има обврска и кон медиумите и кон граѓаните транспарентно и отчетно да одговара на сите прашања кои се предмет на интерес на јавноста

danielaRangelovapres31-621x320

Последни вести

Пратеничката во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова на денешната прес-конференција потенцира дека специјалната обвинителка Катица Јанева по втор пат е фатена како дава лажен исказ, додавајќи дека тоа е недозволиво за некој кој треба да биде на страна на правдата и професионално и чесно да ја извршува својата функција.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Рангелова.

Катица Јанева е дебело платена со неколку илјади евра месечно, пари на граѓаните, за работата која треба да ја врши согласно законот. Затоа Катица Јанева има обврска и кон медиумите и кон граѓаните транспарентно и отчетно да одговара на сите прашања кои се предмет на интерес на јавноста.

Последното прашање коe се отвори во низата околу Катица Jанева е дали таа дала лажен исказ заверен кај нотар под морална и кривична одговорност дека поседува насад со смокви постар од 3 години. Насад кој не постоел согласно законските потреби, а излажала дека постои само за да го земе земјиштето. Oва е скандал сам по себе, и освен што има простор за кривична одговорност, покажува и сериозен дефицит на морален кредибилитет на личност која треба да спроведува правда.

Според пишувањата на медиумите, овој исказ Катица Јанева го дала уште во септември минатата година во обид да добие под закуп 3 парцели државно земјиште. Преку овој исказ Катица Јанева се обидела да ја искористи социјалната мерка со која преку јавен оглас им се доделува земјоделско земјиште на лица чија основна дејност им е земјоделието и од кое обезбедуваат егзистенција за своите семејства.

Г-ѓа Катица Јанева на јавноста и должи одговор дали е точно дека поседува насад на смокви на целата површина за која тврди во дадениот исказ заверен на нотар, а објавен во медиумите?

Дали овој насад со смокви за кој под целосна кривична и морална одговорност тврдите дека е ваш, го имате соодветно пријавено во анкетниот лист кој имате обврска да го доставите до Државната комисија за спречување на корупција?

Како ги коментирате, г-ѓо Јанева, наодите на бирото за вештачење дека исказот кој сте го дале пред нотар е невистинит, односно дека немате соодветни насади на 70% од површината, иако сте тврделе поинаку под морална и кривична одговорност?

Оваа поволност која ја нуди Владата во јавниот оглас е наменета пред се за регистрирани земјоделци, па легитимен е интересот на земјоделците дали Вие сте регистрирани или постоел обид земјиштето да биде земено од страна на некој кој и нема интерес да го обработува за сметка на вистинските земјоделци?

Функционер кој треба чесно и професионално да ги извршува законските овластувања, не смее да остави црни дамки зад себе. Јавноста од вас сеуште очекува да го чуе одговорот и околу барањето за добивање на државен стан. Во тоа барање имате наведено дека немате стан во Скопје, а медиумите објавија дека вие или членови од вашето најблиско семејство поседувате 2 стана во строгиот центар на Скопје и истите ги имате пријавено.

Ваквите дилеми продолжуваат да лебдат. За што и е потребен и трет стан на Катица Јанева, платен од пари на државата?

Што од сето ова досега објавено во јавноста е точно? Време е јавноста да слушне одговори. Граѓаните од своите пари ги плаѓаат вашите високи плати и имаат право да ја дознаат вистината. А според нашите информации има уште многу да се дознава за госпоѓата Јанева и нејзиниот имот и потекло.

Најчитани вести