Мароканските власти заплениле биолошко оружје од терористичка група

Сомнителните материјали, кои ги заплени мароканската полиција при апсењето на 10 осомничени терористи минатиот месец во Мароко, вклучуваат биолошко оружје, пренесува ДПА.

Мароканското Министерство за внатрешни работи смета дека терористичката група била поврзана со ИД и планирала да користи биолошко оружје при напади во земјата.

Конфискуваното биолошко оружје може да го уништи нервниот систем и да доведе до смрт. Тоа може да се шири и во вода и во воздух.

Десетина осомничени за тероризам беа уапсени на 18 февруари во пристанишниот град Ел Џадида, 150 километри од главниот град Рабат.

Меѓу нив има и еден француски државјанин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.