недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 15

Кои проблеми ги создава седењето со прекрстени нозе?

prekrsteni nzoe

Последни вести

Сигурно сте слушнале дека не треба да седите со прекрстени нозе особено ако имате проблем со циркулацијата. Но, постои ли навистина научно тврдење зошто не треба да седите на овој начин? Еве неколку работи кои би требало да ги знаете.

Проширените вени, чувството на тежина и отекување на нозете, грчевите, чешањете и немирот во нозете често се поврзува со седењето со прекрстени нозе, но тоа не е баш така.

За да ја превенирате појавата на проширени вени, редовно вежбајте, избегнувајте долги периоди на стоење и проверете дали некој од вашите родители има варикозни вени.

Што се случува со другите проблеми како оштетување на нервите и лошото држење на телото кои исто така се поврзуваат со начинот на кој седиме? Се покажало дека седењето со прекрстени нозе може да ги предизвика овие проблеми. Но, голем број проблеми се привремени.

Кога ќе ги прекрстите нозете го притискате перонеалниот нерв, кој се наоѓа зад коленото и ја носи чуствителноста во нозете и стапалата. Но, штом ќе ја промените положбата на нозете, притисокот се ослободува и работите се враќаат во нормала.

Значи, прекрстените нозе нема да не убијат, само одвреме навреме одморете се…

 

 

Најчитани вести