Унгарија е меѓу најзаштитените земји од миграцијата во ЕУ

Унгарија е прва држава која презеде независна акција со цел да ја сузбие илeгалната миграција и е една од најзаштитените членки на ЕУ, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува Танјуг.

– Подобро е одделни земји независно да преземат акција отколку европската заедница да „седи со скрстени раце“, изјави Орбан за радио „Кошут“.

Тој изрази збунетост за одлуката на Грција да дозволи милиони неконтролирани влезови од Турција и оцени дека е невозможно да разбере зошто Грците ги превезуваат имигрантите од островите на копно, прнесува „МТИ“.

– Грција го прекрши Шенгенскиот договор, но „некои луѓе“ и понатаму ја бранат, рече Орбан, наведувајќи ги како пример за „тие луѓе“ Германците.

Премиерот на Унгарија зборуваше и за планираниот референдум во земјата, велејќи дека тоа ќе биде гласање за идниот план на ЕУ за воспоставување на траен механизам за квота за распределба на имигрантите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.