Николиќ утре ќе распише предвремени избори

Српската Влада денеска му предложи на председателот на Србија, Томислав Николиќ да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори.

Предлогот уследи откако премиерот Александар Вучиќ изјави дека има потреба од нов мандат за да ги спроведе реформите и да ги доврши преговорите за членство во Европска унија.

Николиќ утре на пладне ќе го потпише указот за распуштање на Парламентот и ќе распиште парламентарни избори, две години пред редовните избори, јави ТАНЈУГ.

Согласно српскиот Устав, изборите треба да се одржат најдоцна 60 дена од денот на распишување на Собранието. Вучиќ најави дека изборите најверојатно ќе се одржат на 24 април.

Владејачката Српска напредна партија има висок рејтинг и се очекува Вучиќ да обезбеди втор премиерски мандат.