Кривогаштани ќе добие модерен плоштад

Овие денови се врши подготовка на теренот каде наскоро ќе започне да се гради плоштад во центарот на Кривогаштани со површина од 1.400 метри квадратни.

Средствата за реализација на овај проект се обезбедени преку Центарот за развој на пелагониски плански регион со вкупна сума од 4.500.000 денари. Изведувач на проектот е Стентон градба од Битола со што за околу два месеци Кривогаштани ќе има нов модерен плоштад.

Според планот на општина Кривогаштани во центарот на општината за краток временски период ќе започне да се гради кружен тек со дел од улицата Македонски просветители која вклучува и тротоари, додека пред самата општинска зграда веќе започна подготовка на просторот каде што ќе биде поставен триесет метарски јарбол со македонско национално обележје.

plostad-krivogastani

За целата слика да биде комплетна за два до три месеци започнува изработката на нова фасада на општинската зграда за општина Кривогаштани да добие најсовремено уреден општински центар, додека до крајот на годинава се очекува општинската администрација да добие нови канцеларии во надградбата на општинската зграда над домот на култура во Кривогаштани со што значително ќе се подобри функционирањето и квалитетот на услугите кои ги извршува општина Кривгаштани.