Хојт Ји: Ако сите ги извршат своите обврски, не постојат пречки за избори на 5. јуни

 

САД се стратегиски партнер на Македонија. Вашингтон како пријател ги следи сите аспекти за одржување на фер и демократски избори на 5-ти јуни. Доколку сите ги извршат своите обврски, не постојат никакви пречки за одржување на изборите во договорениот термин.

Ова го изјави шефот на одделението за Европа и Евроазија во американскиот Стејт Департмент, Брајан Хојт Ји по средбата со премиерот за спроведување на предвремените собраниски избори, Емил Димитриев што се одржа во Владата на Република Македонија.