сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 22

Македонија за прв пат се претставува пред туристите од Унгарија

saem-za-turizam-640x360

Последни вести

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 3. до 6. март за прв пат ги претставува македонската култура, историја и природа пред унгарските туристи на саемот за туризам во Будимпешта, Унгарија.

Саемот за туризам во Унгарија е помогнат од страна на кинеските туристички власти и се донесени голем број на кинески туроператори кои се заинтересирани за кружни тури на Балканот. За време на саемот се одржа и бизнис работилница на која Македонија оствари средби со неколку кинески туроператори како што се Leo Vacations, Oases Travel, Tour Nasdaq, Beijing Youth Travel Service и China International Travel Service. Од унгарските тур-оператори посебен интерес пројавија Robinson Travel, Theo Tours, Caterina Travel,Chemol Travel и Union Travel Agency.

-Го изразувам моето искрено задоволство од претставувањето на Република Македонија на саемот за туризам во Будимпешта. Ова претставување е одлична можност за промоција на Македонија како дестинација за туризам на европската мапа. Посебна шанса претставува и промоцијата на Македонија пред кинеските туроператори, изјави амбасадорот на Република Македонија во Унгарија, Игор Есмеров.

На саемот во Будимпешта остварени се повеќе состаноци со претставници на Националните туристички организации на Србија, Војводина, Словенија, Хрватска, Албанија и Министерството за економија на Унгарија – сектор за туризам, при што се потенцираше потребата од заедничка соработка на балканските земји со цел претставување на трети пазари и привлекување на туристи од подалечните земји на балкански кружни тури во кои секоја земја ќе заземе посебно место.

На состанок и со Балинт Ердеи, Престедател на Асоцијацијата на Унгарски туроператори се разгледа можноста за идна меѓусебна соработка за претставување на балканските земји на кинескиот пазар.

Саемот за туризам во Унгарија за овие 4 дена очекува посета на повеќе од 40 000 потенцијални партнери.

Најчитани вести