Трпески: Сите доставени барања од СЈО се одговорени во законските рокови

Изјавата на Специјалното јавно обвинителство дека Агенцијата за Катастар на недвижности не сака да соработува е невистината, истакна денес директорот Славче Трпески.

Агенцијата за Катастар е една од најтранспарентните институции во Република Македонија. Сите податоци со кои располага Агенцијата се јавно достапни преку веб страната. Исто така Агенцијата за Кастар на недвижности неодамна овозможи имотен лист, копија од план и други податоци да може да се озбезбедат преку Интернет. Конкрентно со Специјалното јавно обвинителство сите предмети, сите барања што се доставени до Катастарот се одговорени во законските рокови. Ме чуди една ваква изјава дека Катастарот одбива да соработува со СЈО, посочува Трпески.