ДУИ го растури кампот поради Задушница

Активистите на ДУИ во петокот вечерта објавија дека го растураат кампот поставен на местото каде што општина Бутел планира да изгради крст,за да им овозможат на православните христијани во сабота да ги посетат гробиштата на Задушница.

Потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Чаир, Иџет Меџити изјави дека ќе продолжат да се бараат решенија преку демократски форми и дека бил постигнат институционален договор со посредство на меѓународната заедница за почитување на бадентеровиот принцип.

Дел од медиумите синоќа пласираа информација дека владата наводно на вонредна седница ја поништила општинската одлука за поставување крст, но во саботата изутрина оваа вест е демантирана од страна на македонската влада.

„ Во целост ги демантираме дезинформациите кои се појавија во некои медиуми дека наводно Владата донела одлука со која што наводно се поништила одлуката на општина Бутел за изградба на крстот. Тоа е тотално неточно и невистинито. Владата нема донесено таква одлука, ниту пак вчера има одржано седница, се вели во владиниот демант.