Мирен протест пред МВР за оштетениот имот каде што треба да се гради крст

Мирен протест пред МВР за оштетениот имот каде што треба да се гради крст
Мирен протест пред МВР за оштетениот имот каде што треба да се гради крст

Светскиот македонски конгрес денеска организира  мирен протест пред Министерството за внатрешни работи во 13 часот.

СМК од протестот ќе упати барање до Министерството за внатрешни работи да обезбеди услови за доизградба на Крстот во Бутел, да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела. СМК, исто така, апелира до Министерството за внатрешни работи да ја отстрани блокадата од група Албанци предводени од дел на раководството на ДУИ на кружниот тек кон Градските гробишта и да обезбеди нормален сообраќај за верниците кои одат на гробовите за големиот христијански празник Задушница, стои во соопштението од СМК.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по ова соопштение апелираше до граѓаните кои ќе излезат на денешниот протест да се однесуваат мирно и одговорно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.