понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 60

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во ден ден именуваше 617 судии, а сега зборува за партиски влијанија во судството

Мувата е повторно на капата на СДСМ. Изборите доаѓаат, а СДСМ наместо да промовира програма и да понуди идеи се труди од петни жили да го надомести отсуството на Чауш од партиските простории на Бихаќка.

вмро

Последни вести

Има ли поголема поврзаност од врската брат-сестра, како што е врската помеѓу судијата Наташа Габер-Дамјановска и Виктор Габер, несудениот министер на СДСМ за надворешни работи?, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Ви го пренесуваме интегрално соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

brat-sestra

Смешно е кога СДСМ, партијата која во само еден ден именуваше 617 судии во Република Македонија, зборува за партиски влијанија и поврзаност во судството.

Мувата е повторно на капата на СДСМ. Изборите доаѓаат, а СДСМ наместо да промовира програма и да понуди идеи се труди од петни жили да го надомести отсуството на Чауш од партиските простории на Бихаќка.

СДСМ измислува теми, ги скандализира, ги коментира со денови колку да се каже дека е присутен со нешто во јавноста. Освен ваквите празни безлични соопштенија, СДСМ не може да им понуди ништо друго на граѓаните.

Да знаеше СДСМ да работи, немаше и после 10 години во опозиција да има рејтинг од 15,7% во споредба со 36,8% за ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста многу добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ го има истиот став поврзан со темата која како иницијатива се појави пред Уставниот суд кој што го имаше и во 2009 кога ги предложи измените во Законот за помилување.

Тој став ВМРО-ДПМНЕ не го сменило ни во 2009 ни денес. СДСМ е тој кој менува ставови, односно еднаш е за правото на претстедателот на државата да помилува во одредени случаи, за сега да се противи на тоа.

Наместо да пишува соопштенија сапуници, Шилегов треба да и одговори на јавноста кој е ставот на СДСМ за Законот за помилување? Дали сеуште СДСМ 2016 стои на ставот на СДСМ 2009 дека измените кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ тогаш се неуставни и дека ќе паднат на уставен?

Има ли СДСМ еден изграден став или дувањето на ветерот, политичкото профитерство, инатот и желбата да се биде вечна опозиција се главните политички советници на Бихаќка?

СДСМ нема одговор на овие прашања. Затоа граѓаните имаат. 10 години по ред. Знаат кој цело време води деструктивна политика седнат на тепихот на Чауш, а кој се труди реално за нивните интереси. Затоа резултатите се тие, затоа рејтингот е тој и затоа нервозата на СДСМ ќе биде се поголема и поголема.

Многу скоро СДСМ ќе се соочи со реалноста 10-ти пат по ред.

Најчитани вести