Жерновски ќе гради нови шест споменици во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, кој до вчера беше жесток критичар на изградбата на спомен-обележја, сега носи одлука за изградба на нови споменици во централното градско подрачје.

odluka

-Општина Центар ќе подигне спомен-обележја за следниве личности, настани и малски традиции: Благоја Ангеловски -кројач, Киро Глигоров, Живко Поповски- архитект, Маџирмаалски играчи на „Фанта“ и Железничка колонија“, стои во точката два од Програмата.

Во истата исто така наведено е и дека Општината може да ја проширува оваа Програма и со спомен- обележја по иницијатива на правни и физички лица во согласност со Законот за меморијалните споменици и спомен обележја.

odluka-1

Покрај овие 5, дополнително Општина Центар планира да постави и споменик на тукушто починатиот скулптор, Томе Серафимовски.

Јавноста многу добро ја памети изјавата на Жерновски непосредо по локалните избори, во која категорично порача дека поставените споменици биле последното нагрдување на Центар и повеќе немало да се поставуваат споменици без да се прашаат граѓаните.

-Ова е последното нагрдување на општина Центар. Од утре ниту еден сантиметар од Општината нема да се моделира во нешто друго без да се прашаат граѓаните, изјави Жерновски.

Сепак, Жерновски сега сам си го погазува сопствениот збор и од жесток критичар на изградбата на спомен-обележја сега без да ја информира јавноста и без да ги праша граѓаните конспиративно носи одлука за поставување на 6 нови споменици во Центар. На градоначалникот на централната скопска општина очигледно не му се доволни поставените спомен-обележја.

andrej

andrej-1

andrej-2

z