сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 51

Партијата на Фицо победи на изборите во Словачка

Прелимираните резултати опфаќаат околу 2,2 милиони гласови во региони со 3,7 милиони гласачи, а излезноста е под 60 проценти од вкупно 4,4 милини граѓани со право на глас.

Партијата на Фицо победи на изборите во Словачка

Партијата на Фицо победи на изборите во Словачка

Последни вести

Според резултатите, кои ги соопшти Заводот за статистика, словачките социјалдемократи го изгубија досегашното мнозинство од 83 од 150 пратеници кои им овозможуваше да формираат еднопартиска Влада, објави МИА

– Имаме обврска како партија која ги освои овие избори да се обидеме да составиме стабилна влада. Нема да биде лесно тоа… но секако дека треба да се направи се, да не дојде до предвремени избори ниту никакви други експерименти, кои би ја нарушиле сликата за парламентарен демократски систем, изјави Фицо во изборниот штаб на СМЕР-СД по соопштувањето на приближните резултати.

Во новиот состав на Парламентот, СМЕР-СД ќе има една третина од претставниците, а останатите парламентарци ќе бидат од други седум партии, покажуваат прелиминарните резултати.

На второ место се либералната партија Слобода и солидарност (СаС) со 11,5 проценти од електоратот и 20 мандати, потоа десничарската група Обични луѓе и независни кандидати со 10,9 проценти од гласовите, кои се претпоставува ќе им донесат 19 пратенички места.

Под пет процентна поддршка доби десничарската опозиција Демохристијанското движење (КДХ) кое првпат по постноемвриската историја ќе биде вон Парламентот и непарламентарната Партија на унгарската заедница (СМК).

Со 15 пратеници следи Словачката народна партија, потоа крајно десничарската група на Мариан Котлеба Наша Словачка со 14 мандати и освоени над 8 проценти и со 11 и 10 пратеници. здружението Семејството на Борис Колар и Мост -Хид.

Опозициската Мрежа освои само 5,5 провенти од гласовите.

Прелимираните резултати опфаќаат околу 2,2 милиони гласови во региони со 3,7 милиони гласачи, а излезноста е под 60 проценти од вкупно 4,4 милини граѓани со право на глас.

Најголемо изненадување на изборите е успехот на десничарскиот радикал Мариан Котлеба чие движење многу политичари го назначуваат за неонацистичко.

Најчитани вести