сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

Рангелова: Немам никаква поврзаност со случајот на „Фокус“, тоа е груба лага!

Ги повикувам ДИК и сите надлежни институции да извршат целосни проверки со што ќе се потврди дека немам никаква поврзаност со споменатиот случај на нерегуларности и наводни злоупотреби во Избирачкиот список на Република Македонија, напиша Рангелова.

rangelova

Поврзани вести

Најостро со целосна одговорност демантирам дека на било кој начин сум вмешана во инсталирање на наводни фантомски гласачи на избирачниот список на ДИК, реагира претседателката на Унијата на жени ан ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

-Направената техничка проверка на „Фокус“со тенденциозна употреба на моето име Даниела Рангелова како претседателка на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ е груба дезинформација и лага.

Барам „Фокус„ да се извини за обвинувањата кои се упатени кон мене и мојата партија, а во функција на создавање на фама за нерелураности во избирачкиот список и хаос во изборниот процес со цел да се создаде алиби пред престојниот дебакл на опозицијата на изборите, напиша Рангелова на свпјот ФБ профил.

Рангелова прашува каде е изборната нерелураност и лажирање во тоа што едно лице го носи нејзиното име и презиме, а живее во друга општина со своето семејство, врз основа на што има право на глас?!

-Ги повикувам ДИК и сите надлежни институции да извршат целосни проверки со што ќе се потврди дека немам никаква поврзаност со споменатиот случај на нерегуларности и наводни злоупотреби во Избирачкиот список на Република Македонија, напиша Рангелова.

Најчитани вести