„Бедем“: По Фрчковски, Спасовски е најголемата кукавица и срам за полицијата

„Бедем“: По Фрчковски, Спасовски е најголемата кукавица и срам за полицијата
„Бедем“: По Фрчковски, Спасовски е најголемата кукавица и срам за полицијата
Оливер Спасовски ќе градел мир со тоа што полицијата ја насочи кон Македонците и остави Албанците да ги рушат темелите на крстот, реагираа денеска од Здружението на бранители Бедем.

Бранителите прашуваат каков е тој мир кога Спасовски наместо да обезбеди почитување на закон тој одобрува негово кршење и притоа врши дејствија врз оние кој сакаат правда.

-Го слушаме и не можеме да поверуваме. Со огромна доза на страв, неуверливо, преплашено, ни вика немало нарушување на јавниот ред и мир.  А кога Македонците, жителите на Бутел  побараа да дејствува според закон тој им ја прати полицијата, а  протестанти Албанци ги пушти да ги рушат темелите на крстот, слободно и непречено, велат од Бедем.

Како бранители, додаваат тие, најодговорно тврдат дека како министер за внатрешни работи после Љубомир Фрчковски , Оливер Спасовски е најголемата кукавица и срам за полицијата и за државата.