Истепани малолетници во Ѓорче Петров

Малолетници вчера биле физички нападнати од три непознати лица во Ѓорче Петров, јави полицијата.

Нападот во полиција го пријавил Е.С.(49), кој рекол дека во саботата околу 21 часот неговиот 15 годишен малолетен син кој прославувал роденден со неговите другари, во близина на ОУ„Ѓорче Петров“, тргнале да земат пијалак во блиската продавница. Тие биле пресретнати од непознато лице кое носело безбол палка заедно со други две лица.

Тројцата дошле до малолетникот и до неговите другари, едниот од нив физички го нападнал. Кога се обидел да го  удри со тупаница, малолетникот успеал да побегне и телефонски го пријавил случајот. Еден од насилниците со безбол палката сакал да го удри оштетениот во главата, но не успеал.

Оштетениот со двајцата негови другари отишле пред ОУ„Ѓорче Петров“, каде за кратко време пристигнале полицајците.