Вицепремиерот Пешевски на средбa со кумановци

Вицепремиерот Пешевски на средбa со кумановци
Вицепремиерот Пешевски на средбa со кумановци
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска оствари средба со граѓаните во централното градско подрачје во Куманово. Граѓаните се интересираа за формирање на технолошко-индустриска развојна зона, за формирање на нова зона наменета за локални компании, како и за бројот на вработување во градот и проектите „Купи куќа,купи стан„ и „Купи куќа за млади“.

Граѓаните изразија благодарност за промовирањето на новите полициски службеници. Пратеникот Зоран Ѓорѓиевски дополни дека од Куманово промовирани биле триесетина кандидати, така што интересот за овој настан и за оние кои се промовирани и за нивните блиски предизивика интерес во градот. – Куманово е град со најголема невработеност во Макеоднија и затоа секое вработување на градот многу му значи, објасни Ѓорѓиевски.

Вицепремиерот Пешевски нагласи дека како Влада имаат донесено одлука да се направи слободна економска зона во Куманово. Додаде дека има простор за индустриска зона и за македонски компании, доколку се најде сообраќајно решение и најави дека ќе работат на овој проблем и во наредниот период.

Граѓаните се интересираа за проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“ и се пожалија дека локалната власт не подготвила плацеви. Вицепремирот нагласи дека првиот проект е отворен за сите, секаде каде што има новоградба и оние кои ги исполнуваат условите да конкурираат.

– Тоа не зависи од градоначалникот, а за „Купи куќа за млади“ мора да се најдат локации и тоа мора да се направи со локалната власт. Вие ќе се фокусирате тука барем во овој период на првиот проект, иако ние би сакале и вториот да заживее ама за тоа ќе ни треба соработка со градоначалникот, рече Пешевски. Додаде дека ќе се обидат да најдат локација по плановите, но нагласи дека и локалната власт ќе мора да се вклучи. Во Куманово има канцеларија каде што заинтересираните можат да се информираат.

Граѓаните изразија задоволство од проектите мерките за вработување. Тие се интересираа и за локацијата за индустриската зона.

– Гледаме неколку локации, но би ги оставил деталите за друга прилика. Имаме точно идеја каде треба да биде, но правиме проверки на имотно-правни односи и да видиме што треба да се направи од инфраструктура, имаме и алтернативна локација, но треба да биде блиску до пресечната точка на коридорите 8 и 10, покрај пат затоа што логистички е битно за компаниите некаде од 20 до 30 хекатри, ќе гледаме малку поголема да биде ако може, гледаме и колку простор имаме на располгање, рече вицепремиерот.

Пешевски нагласи дека зборува за две зони, едната е слободна економска зона, технолошко-индустриска развојна зона како оваа во Бунарџик, главно насочена кон привлекување на странски инвестиции поголеми. – Но на патот, кон Крива Паланка има неофицијална индустриска зона „Карпош“. Зборевме со пратеникот, таа треба да се урбанизира ќе треба да се зборува и со градоначалникот да се урбанизира. Таму има простор и за индустриска зона за локални компании, ама ќе треба инфраструктурно да се уреди, рече вицепремиерот.

Пешевски рече дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ сега ја прави новата програма и ќе настојува инфраструктурно да го реши тоа прашање.  – Едно 15-20 погони, да се отвори простор за домашни компании и мислам дека тогаш конечно интензивно ќе почнеме да го решаваме проблемот со невработеноста, рече Пешевски.

На средбата со граѓаните Пешевски потенцира дека во Куманово во однос на двата проекти, за вработување на млади до 29 години и „Македонија вработува“ во последниве две години се вработиле над 2.000 лица.

– За општина со толку голема популација, по население Куманово е најголема општина во Македонија, тоа не е доволно, затоа ќе мора да се работи и на овие индустриски зони. Дефинитивно ќе го решаваме ова во следниот период, рече вицепремиерот на средбата со кумановци.

Вицепремиерот денеска ќе оствари средби и со жителите на кумановските населби „Карпош“ и „Иго Тричковиќ“.