Хрватска бара Русија да не испраќа многу туристи ова лето

Хрватска бара Русија да не испраќа многу туристи ова лето
Хрватска бара Русија да не испраќа многу туристи ова лето

Рускиот амбасадор во Загреб, Анвар Азимов изјави дека, кога најавил дека оваа сезона во Хрватска на летување планираат да дојдат 300.000 Руси, му било кажано дека хрватскиот дел од Јадранското Море е пребукиран и затоа бројот да се намали на 100.000 туристи.

Азимов оваа изјава ја дал на состанокот во Риека, каде зборувал и за визниот режим и санкциите против Русија, за кои смета дека се штетни за Хрватска.

– Кога неодамна ги известив претставниците на хрватското Министерство за туризам дека оваа сезона 300.000 Руси планираат да летуваат на Јадранското Море, мислев дека ќе ги израдувам. Тие ми одговорија дека Јадранот е веќе резервиран со гости од Австрија и Германија, па затоа ако можам бројот на руските туристи да го сведам на 100.000, нагласи Азимов.

На изјавата на Азимов реагирало Министерството за туризам, кое соопшти дека не знае за кој точно разговор мисли амбасадорот, имајќи предвид дека официјалната средба меѓу него и хрватскиот министер за туризам Антон Климан е закажана за утре.