Специјалниот претставник на СЕ Бочек во песета на мигранските точки во Макединија и Грција

Специјалниот претставник на генералниот секретар на Собетот на Европа  за миграција и бегалци Томаш Бочек од денеса до 11 март ќе престојува во Грција и во Македонија каде што ќе ги посети местата на границната линија каде што најчесто минуваат мигрантите и прифатните центри.

Како што соопшти прес-службата на Советот на Европа, тој исто така ќе се сретне со владини и локални претставници и со претставници на УНХЦР  и невладините организации со цел да собере информации за ситуацијата за лицата кои бараат азил и другите мигранти.

Спрецијалниот претставник Бочек особено внимание ќе посвети на прашањата посветени на барателите на азил и на децата мигранти.