Издадени 375 потврди за признавање право на азил

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди на 375 странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил.

Од нив 115 се мажи, 91 жени, 168 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште едно дете кои патува без придружба на родител.

Според државјанството, потврди се издадени на 334 државјани на Сирија и 41 државјанин на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од почетокот на годината до вчера издадени се потврди на вкупно 89.491 странски државјани, од кои 35.347 се од машки пол, 19.584 се од женски и 34.334 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 44.611, Авганистан 26.546 и Ирак 18.331.

До Секторот за азил во текот на изминатиот ден не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда.