Што ќе се случи ако јадете јајца секој ден?

Јајцата се одличен извор на аминокиселини и антиоксиданси, а можат да се подготват на различни начини.

Телото самостојно произведува 11 есенцијални масни киселини, неопходни за правилно функционирање на организмот. Меѓутоа, на телото му се потребни уште 9 есенцијални масни киселини, а нив можеме да ги пронајдеме во јајцата. Недостатокот на тие 9 есенцијални масни киселини може да предизвика губење на ускулната маса, ослабен имунолошки систем, хроничен замор и лош изглед на кожата и косата.

Јајцата го регулираат нивото на холестерол

Едно јајце содржи околу 200 милиграми холестерол, но тоа не значи дека јајцата се лоши за вашата крвна слика. Имено, истражувањата покажале дека  јајцата можат да го намалат нивото на лошиот холестерол и да го зголемат нивото на добриот.

Јајцата го јакнат имунолошкиот систем

Едно до две јајцана ден можат да помогнат во борбата против инфекциите. Јајцата се добар извор на селен, минерал кој е неопходен за правилно функционирање на имунолошкиот систем и регулација на нивото на хормони на штитната жлезда.

Јајцата ги подобруваат когнитивните функции

Јајцата содржат холин, соединение кое има позитивно дејство врз когнитивнит функции. Истражувањата покажале дека недостатокот на холинот го зголемува ризикот од настанување на невролошки пореметувања, слабеење на когнитивните функции, деменција и Алцхајмерова болест.

Јајцата го подобруваат здравјето на забите и коските

Најдобар извор на витамин Д се сончевите зрац и некои намирници, меѓу кои е и јајцето. Витаминот Д е неопходен за правилен раст и развој на забите и коските. Ја поттикнува апсорпцијата на калциум кој е неопходен за правилно функционирање на срцето, дигестивниот систем и метаболизмот.

Јајцата го подобруваат здравјето и изгледот на кожата

Витамините Б комплекс се неопходни за здравје и убавина на кожата и косата. Исто така го подобруваат здравјето на црниот дроб и очите. Јајцата се одличен извор на витамин Б комплекс, особено витамините Б2 и Б12. Истражувањата покажале дека витамините Б комплекс се важни за правилно функционирање на нервниот систем и подобрување на когнитивните функции.

Јајцата го штитат здравјето на очите

Во составот на јајцето пронаоѓаме два антиоксиданса, лутеин и зеаксантин, кои го штитат здравјето на очите и го подобруваат видот. Овие актиоксиданси можат да го намалат ризикот од настаување болети на очите, како макуларната дегенерација и катаракта.

Јајцата го поттикнуваат слабеењето

Јајцата се одличен избор за појадок бидеќи брзо создаваат чувство на ситост. Тие ќе ја намалат вашата желба за грицки и ќе ја намалат веројатност од прејадување подоцна во текот на денот. Истражувањата покажале дека личностите кои појадуваат јајца внесуваат помал број калории во текот на денот.

Јајцата го намалуваат нивото на стрес и ја ублажуваат анксиозноста

Есенцијалните аминокиселини кои ги пронаоѓаме во составото на јајцето директно влијаат на менталното здравје. Тие го регулираат производството и ослободувањето на серотонинот, неуротрансмитер заслужен за добро расположение, смиреност и опуштеност.